Трамп најави дека е подготвен на Турција да ѝ продаде борбени стелт авиони Ф-35

Се очекува претседателот на САД Доналд Трамп, да ѝ соопшти на Турција дека сепак е подготвен повторно да ѝ овозможи пристап до американските борбени стелт авиони од типот Ф-35, и покрај забраната што пред седум години лично ја воведе наведувајќи причини од националната безбедност, пренесоа американските медиуми.
Турција во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп, беше исклучена од програмата Ф-35 бидејќи од Русија го купи напредниот ПВО систем С-400. Американскиот претседател, кој пристигнува на самитот на НАТО во Анкара, лично ја воведе таа забрана поради загриженоста дека испораката на американските борбени стелт авиони Ф-35 на Турција би можела да ѝ овозможи на Русија да дојде до сознанија за нивната американска стелт технологија, пишува „Њујорк Тајмс“.
Меѓутоа, промената на ставот на Трамп би можела да наиде на отпор во Конгресот, кој би можел да се обиде да ја блокира продажбата на напредните американски борбени авиони на Турција. Четири неименувани високи функционери на американската администрација изразија очекување дека Трамп барем ќе ја најави намерата за испорака на борбените авиони на Турција, иако е неизвесно кога тоа би можело да се случи.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека САД не би требало да ѝ продаваат на Турција напредна воена технологија, оценувајќи дека таквиот потег би го нарушил односот на силите на Блискиот Исток.
– Не мислам дека би требало да им бидат испорачани авионите Ф-35 или мотори за нивните борбени авиони – рече Нетанјаху, пренесе „Тајмс оф Израел“.






