Клековски: Нови антикоагулантни лекови на позитивната листа, еноксапарин, надропарин и ривароксабан достапни во аптеките

Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјава. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап, истакна денеска на прес-конференција во Владата, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Посочи дека два антикоагулантни први биле достапни со рефундација, а од сега па натаму ќе бидат достапни на позитивна листа со рецепт.
– Двата антикоагуланти се во рангот од 1.100 денари до 2.700 денари, ценовен ранг во зависност од дозажата и големината на терапијата. Сега ќе биде достапна за партиципација од 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде достапен без доплата. Значи едниот бренд ќе биде без доплата, вториот бренд ќе биде со доплата, меѓутоа осигурениците имаат можност да изберат и има лек без доплата. Ова ќе значи дека овој лек ќе биде достапен за само за партиципација со 100 од 160 до 240 денари во зависност од дозажата на на на лекот. Овде ќе има повеќе коментари за овие два лека, бидејќи рефундацијата предизвикува преминувањето рефундација во позитивна листа предизвикува неколку промени, рече Клековски.
Третиот антикоагулант ривароксабанот, како што појасни, прв пат е на позитивна листа и досега се движеше во рангот од 2.000 денари до 2.200 денари, а сега ќе биде достапен за партиципација од 160 денари.
– Во почетниот период ќе има доплата од 105 денари до 505 денари во зависност од дозажата и бројот на таблети. Во најчесто користената дозажа тоа се 10 милиграма по 30 таблети, заштедата на граѓаните ќе биде 1.752 денари. Од 1 јануари 2027 годиа овој лек ќе биде достапен без доплата само со партиципација. Во основа тоа што го постигнуваме не е само намалување на цената за осигурениците за граѓаните, кажав веќе дека на последниот антикоагулант заштедата на најчесто користеното пакување ќе е 1.700 денари, туку обезбедуваме и намалување на цените. Значи референтната цена на лековите ќе биде значително намалена. Во еден случај ќе биде намалена за 50 проценти, што значи дека ќе имаме не само намалена цена за пациентите, ќе имаме намалена и цена и за Фондот, потенцира Клековски.
Тој истакна дека со тоа почнуваат со две поставки – прво тоа е вклучување скапи лекови по дефиницијата на Фондот, значи лекови што чинат од 2.000 денари до 3.000 денари во месечни дози, сега може да варираат повеќе или помалку и означуваат дека во натамошните чекори ќе се стремат да вклучат вакви ваков тип на лекови, затоа што овие се лековите кои претставуваат значителен товар на граѓаните.
– Повеќе пати имаме дискутирано едно е ако месечните дози на лекот се 100, 200, 300 денари, а друго кога се 2.000 денари, 3.000 денари не еден лек, а овие лекови обично не одат сами кај хроничните болни и неколку од овие лекови знаат да бидат препишани. Прв пат го користиме вклучувањето на позитивната листа за намалување на цените. Значи имате две можности да бидете на слободен пазар, на приватен пазар и цената се формира по едни други механизми. Со вклучувањето на позитивната листа цената се формира со системот на референтни цени. Значи се земаат цените од Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и Грција во одредени случаи, кои се референтните земји за Македонија и во согласно тоа одредуваме референтна цена, рече Клековски.
Појасни дека низ процес на дијалог со фармацевтските куќи бараат вклучувањата да бидат без доплата и да одат каскадно кон намалување на цената, да бидат во одреден период без доплата. Само во случајот на ривароксабанот од претходната цена до новогодишната цена, нагласи, ќе имаме повеќе од 50 отсто намалување на цената што Фондот ја плаќа надвор од тоа што пациентот го плаќа како партиципација.
– На овој начин сметаме дека ќе се раздвижи пазарот на лекови и ќе влијаеме да почнат да се намалуваат цените на лековите достапни во Македонија. Нема да е едноставно, бидејќи ова ќе значи намалување на маржите на фармацевтските куќи и на аптеките, бидејќи поинаку се формираат и цените и маржите кога се на слободен пазар, кога се на позитивна листа, меѓутоа сме посветени во овие чекори да продолжиме понатаму. Aптеките се информирани, матичните лекари се информирани и во основа сметавме дека помина доволен период да лековите ги има во аптеките, матичните лекари да почнат со препишување, додаде Клековски.






