ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората

Меѓу СДС и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Што денес зборува Венко Заев, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДС, уште веднаш го повторува политичката партија Левица.

Договорот меѓу Левица и СДС за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на новиот Изборен законик, веќе е очигледен и со секој изминат ден се повеќе се потврдува.

Не само што нема разлика во нивните ставови, туку напротив, тие им се исти и во голема мера се надополнуваат.

Тоа што и СДС на Венко Заев и Левица се против решението македонската дијаспора да добие полесен пристап за остварување на своето уставно загарантирано право на глас, не е случајност. Нивна заедничка цел е да спречат проширување на демократското право на глас за нашите иселеници, како и да создадат нови пречки во изборниот процес.

И ваквата нивна цел, координираност и целосна синхронизираност на ставовите и настапите на Венко Заев и Апасиев се повеќе им станува јасна на македонските граѓани и во државава и во странство, и тие добро знаат дека ова е однапред договорена стратегија.

Тоа што друго граѓаните знаат, е дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што секогаш ги штити правата на сите македонски граѓани каде и да се и работи во нивен и интерес на државата.

Токму затоа и ќе продолжи да се залага Изборниот законик да се донесе со широк политички консензус, ќе работи за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен можен начин.

ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close