Песков: За целосно „ослободување“ на Доњецката Народна Република треба да се заземат уште два града

Руската армија треба да заземе уште два важни града – Краматорск и Славјанск по што, според Москва, целата територија на Донбас ќе биде „ослободена“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Песков во интервју дадено за западни медиуми истакна дека руските војници пред неколку дена соопштиле дека ја зазеле Константиновка, нарекувајќи го притоа „многу важниот град во Донбас“.
„Сега останува да се заземат уште два важни града – Краматорск и Славјанск. По тоа, целата територија на Доњецката Народна Република ќе биде ослободена“, изјавил Песков.
Говорејќи за тоа како Киев може да го запре конфликтот, портпаролот на Кремљ наведе дека тоа би можело да се случи доколку Украина „ги повлече своите сили од Донбас, од регионите кои сега се руски, и ја признае реалноста што фактички е создадена, и де факто и де јуре“.
„И веќе следниот ден конфликтот ќе биде завршен“, заклучи Песков






