Настапот на Мадона на „Парадата на гордоста“ во Лондон откажан поради безбедносни причини


Американската „кралица на поп-музиката“, Мадона го откажа својот музички настап на лондонската „Парада на гордоста“ поради безбедносни причини. Иако таа со нетрпение очекуваше да биде дел од настанот, организаторите и нејзиниот тим проценија дека нејзиното доаѓање во британската престолнина може да предизвика хаос поради големиот број луѓе.

Дивата, која во мигов го промовира својот нов албум „Confessions on a Dance Floor: Part II (Исповеди на подиумот за танцување: 2. дел)“, требаше да се појави на сцената на плоштадот „Трафалгар“ во Лондон, заедно со Бет Дито и МНЕК.

„Парадата на гордоста“ во Лондон, инаку, собира голем број луѓе секоја година. Сепак, планираниот настап беше откажан во последен миг, поради проценката дека присуството на една од најголемите светски ѕвезди може да предизвика премногу метеж и потенцијална неконтрола на веќе исклучително масовниот настан.

Извор, на кој се повикува „Сан“, потврди дека одлуката за откажување на концертот е донесена поради безбедносни причини.

„Мадона беше многу возбудена што би настапила, бидејќи е голем застапник за правата на ЛГБТК+ заедницата. Но, нејзиниот тим во последен миг одлучи да не учествува поради големиот број луѓе и загриженоста дека нејзиното доаѓање би можело да го наруши веќе добро организираниот настан“, вели неименуваниот извор.

Лондонската „Парада на гордоста“ повторно привлече стотици илјади учесници и посетители во центарот на градот оваа година.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close