Бабиш: Чешка нема да учествува во пакетот воена помош за Украина

Чешка нема да учествува во пакетот воена помош за Украина во вредност од 70 милијарди евра, за кој земјите членки на НАТО постигнаа договор на самитот во Анкара, изјави денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш.
– Го цениме тоа што секоја земја сама одлучува за ова, но ние нема да учествуваме во таа сума – рече Бабиш, истакнувајќи дека е важно да се фокусираат на развојот на европски решенија и заеднички проекти за одбрана од балистички ракети по завршувањето на војните во Украина и Иран.
Тој истакна дека има мала веројатност Чешка годинава да ја исполни својата обврска за издвојување на два отсто од домашниот БДП за финансирање на Алијансата, но дека сака таа цел да ја оствари следната година.
Според него, Чешка ќе даде мал еднократен придонес во пакетот приоритетни барања за Украина, со цел Киев да набави американско оружје.
Владата на Бабиш, која ја презеде власта во декември минатата година, вети дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина, вклучително и придонесите во рамките на иницијативата за снабдување на Киев со муниција и гаранциите за заемот од ЕУ во вредност од 60 милијарди евра за помош на Киев.
Членките на НАТО за време на самитот во Анкара се договорија да издвојат вкупно 70 милијарди евра за помош на Украина за оваа година, како и „најмалку еквивалентни нивоа“ за 2027 година. ј






