Филипче: Пензионерите се украдени, нема пари за плати, субвенции и социјална помош


Пензионерите се украдени, а државата се соочува со сериозен недостиг од пари за плати, субвенции и социјална помош, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „Тема на денот” на Сител телевизија. Тој посочи дека ребалансот на Буџетот е уште еден доказ за целосниот економски дебакл на Владата.

„Буџетот е празен. Ребалансот е страшен дебакл. Огромен раст на дефицитот. Нема предвидено пари ниту за соодветен раст на пензиите – пензионерите се оштетени, ниту за раст на платите. Нема доволно пари за субвенции во земјоделството. Нема доволно пари за зголемување на социјалните трансфери. Сè е статус кво”, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека ова е сериозен проблем на државата, која со оваа власт оди во амбис. Тој предупреди и на фактот дека Владата нема стратегија за надминување на финансиската дупка која се продлабочува, а во исто време изостануваат вистински развојни политики и поддршка за граѓаните и ранливите категории.

„Притоа немаме стратегија. Владата нема стратегија како таа финансиска дупка ќе ја закрпи. Неспособноста на власта веќе има директни последици врз пензионерите, работниците, земјоделците и сите оние кои зависат од социјална поддршка, додека државата влегува во сè подлабока економска несигурност.

Граѓаните не смеат да бидат оставени да ја плаќаат цената на погрешните политики, неодговорното трошење и економската неспособност на Владата, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Back to top button
Close