Ердоган им подари пиштол и муниција на сите лидери на НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на лидерите кои учествуваа на самитот на НАТО им подарил персонализирани револвери, придружени со кутија боева муниција.
Портпаролот на германската влада потврди дека револверот што му бил подарен на германскиот канцелар Фридрих Мерц е предаден во германската амбасада, каде ќе биде спроведена постапката за законски увоз, по што ќе биде евидентиран во официјалната збирка на државни подароци, објави 4news.mk
Британскиот премиер Кир Стармер, исто така, изјави дека сите лидери на самитот добиле идентичен подарок од Ердоган, при што секој револвер бил изгравиран со името на својот примател.
Иако турскиот претседател приложил белешка со која се откажува од примената на извозните ограничувања, Стармер го оставил својот револвер во Турција за да биде деактивиран. Според медиумските извештаи, неговото внесување во Велика Британија би било спротивно на строгите британски прописи за увоз и поседување огнено оружје.






