Украински дронови погодиле уште 12 руски танкери во Азовско Море


Украинската армија соопшти дека во текот на ноќта со дронови погодила уште 12 руски танкери во Азовско Море, во рамките на кампањата за попречување на снабдување со гориво руските сили и да се изолира окупираниот Крим.

Украинскиот Генералштаб на Телеграм објави дека танкерите биле користени за снабдување на руската војска со гориво и за транспорт на нафта и нафтени производи, што е кршење на меѓународните санкции.

Во нападот биле погодени и еден реморкер и еден товарен брод.

Украинското Министерство за одбрана наведе дека во изминатите четири дена во Азовско и во Црно Море нападнати се вкупно 36 бродови, од кои 32 танкери и два товарни брода од така наречената руска „флота од сенка“.

– Сите бродови се обидуваа да достават гориво на Крим, се наведува во соопштението на украинското МО.

Украина изминатите недели ги интензивираше нападите врз логистичката и енергетската инфраструктура на Крим, што придонесе за недостиг на гориво и ги натера тамошните власти да прогласат вонредна состојба на полуостровот, клучен логистички центар за руските воени операции.

Back to top button
Close