Мексико ќе поднесе жалби до САД за 14-те убиени Мексиканци во имиграциски рации

Владата на Мексико планира да поднесе жалби до САД за Мексиканците кои беа убиени во имиграциски рации или апсења во САД, изјави  мексиканскиот министер за надворешни работи Роберто Веласко, цитиран од британските медиуми.

Четиринаесет мексикански државјани починаа во притворските центри на американската Служба за имиграција и царина, а тројца други починаа за време на апсењата од страна на агенцијата, рече Веласко на прес-конференција.

„Нема да се ограничиме само на дипломатска акција и директно ќе се обратиме до американските обвинители со жалби за овие инциденти, барајќи тие да бидат истражени како кривични дела“, додаде министерот.

Припадник на Службата за имиграција и царина во вторникот го застрела и уби Лоренцо Салгадо Араухо, 52-годишен мексикански државјанин кој нелегално престојувал во САД три децении.

Неговото убиство, кое предизвика протести во Хјустон, го зголеми на шест бројот на застрелани и убиени луѓе во операциите на ИЦЕ од почетокот на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп, кој започна кампања за депортација на мигранти во САД.

Министерството за внатрешна безбедност и правда на САД сè уште не ја коментираше изјавата на Веласко.

Back to top button
Close