Меѓународниот аеродромот Палм Бич во Флорида и официјално преименуван во Доналд Трамп

Меѓународниот аеродром Палм Бич во Флорида од вчера официјално го носи името на Доналд Трамп, јавија локалните медиуми.
Добредојдовте на Меѓународниот аеродром „Претседател Доналд Џ. Трамп“, пишува на новата патна табла. Новото име на аеродромот е истакнато и во внатрешноста на терминалот, каде што се прикажува на екраните кај шалтерите за пријавување на патниците. Преименувањето на аеродромот е одобрено од страна на гувернерот на Флорида, Рон Десантис, кон крајот на март.
Во американската сојузна држава Тенеси, вчера свечено беше отворен и новоизградениот мост именуван по американскиот претседател Доналд Трамп.






