Европскиот суд пресуди: Македонија ќе му исплати 3.465 евра отштета на ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, за притворот

Screenshot
Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука со која Република Македонија е задолжена да му исплати 3.465 евра на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Атанасовски, кој беше обвинет во предметот „Организатори на 27 април“, се обрати до Судот со тврдење дека му било повредено правото на слобода и безбедност откако шест месеци поминал во ефективен притвор, а потоа речиси 19 месеци во куќен притвор.

Во одлуката на Европскиот суд е наведено дека, по неуспешните обиди за постигнување пријателска спогодба, Владата доставила еднострана декларација со цел да се решат прашањата покренати во жалбата.

Адвокатот на Атанасовски изјави дека во текот на целата судска постапка укажувал дека мерката притвор била незаконска и дека со оваа одлука, според него, се потврдуваат нивните аргументи.

Back to top button
Close