Зеленски: Украина е заинтересирана за соработка со „Мицубиши“ за производство на ракети „Патриот“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Киев е заинтересиран за соработка со јапонската компанија „Мицубиши“, која има лиценца за производство на ракети за противвоздушниот систем „Патриот“ и има искуство во такво производство.
Тој истакна дека „Мицубиши“ е пример за компанија која може да има сопствено производство на противракетни системи по добивањето на американска лиценца.
Секако, би сакале да ги видиме во Украина. Би биле добредојдени за размена на искуства, но тоа зависи од подготвеноста на јапонската страна. Подготвени сме да ги споделиме нашето производство и технологии. Убеден сум дека во многу области ќе имаме заедничка визија, наведе Зеленски.
Владата на Јапонија во април, како дел од засилената безбедносна соработка со партнерските земји, официјално одобри измени во така наречените Три принципи за трансфер на одбранбена опрема и технологии. Со тоа ефикасно се отстрануваат ограничувањата за извоз на јапонско оружје






