Девојче почина по пад од лулашка во Гостивар

Девојче на четиринаесетгодишна возраст починало од повреди здобиени по пад од лулашка. Според првичните информации од СВР Тетово, девојчето синоќа во бесвесна состојба била однесена во гостиварската Болница.
Фатмир Реџепи, портпаролот на СВР Тетово, информираше дека околу 20:30 часот од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.
– Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во градскиот парк по што била пренесена на Ургентното одделение во Општата болница, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција, рече Реџепи.






