Пијан охриѓанец направи сообраќајка во Струга


МВР информира дека синоќа околу 21:15 часот, на улицата „Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 65-годишниот Д.Т. од Охрид.

Според информациите од полицијата, тој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки и предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот К.Б. од Струга.

По преземените мерки и извршените проверки, кај возачот биле утврдени 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода.

По целосното документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Back to top button
Close