Тетовец ја претепал својата девојка пред зграда
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била физички нападната од своето момче, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, нападот се случил вчера околу 18:30 часот пред зградата во која живее во населбата Блок 70, а како осомничен е посочен Б.И. од Тетово.
Од МВР информираат дека утрово осомничениот сам се пријавил во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава објави Скопје1.мк





