Возел со 2,50 промили алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа во Струга, возилото му е одземено
Триесет и шестгодишен жител на Струга е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, инцидентот се случил ноќеска околу 00:30 часот на улицата „Партизанска“ во Струга. Осомничениот управувал патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, кога ја предизвикал сообраќајната несреќа.
По извршената контрола, полициските службеници утврдиле дека возачот имал 2,50 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.
Gxuzz 5Возилото му е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





