СДСМ: Клековски најавува вода за пиење, а не кажува кој ставил потпис и печат на извештајот за техничка исправност
– Клековски денеска најави дека епидемијата во Гостивар се смирува и дека до крајот на неделата се очекува водата да биде безбедна за пиење, стои во соопштението од СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.

Прашањето останува исто:
Кој ќе потпише дека водата е за пиење?
Кој ставил потпис и печат на извештајот за техничка исправност?
Кој ќе одговара кривично ако повторно го отруете целиот град?
Ја отрувте цела Македонија. Седум градови.
Бела пена има во Лепенец и Вардар.
Кој да ви поверува дека нема повторно да молчите ако водата е отруена?
Ги криевте извештаите.
Ја криевте и епидемијата на жолтица што се појави токму поради труењето на водата.
Криете сè, а сакате народот да ви верува.
До денешен ден никој не презел одговорност.
Затоа ако повторно не е исправна – повторно никој нема да одговара.
Како што работите две години: секогаш е некој друг виновен за вашите дела.
Затоа бараме јасно:
Кој го потпишал извештајот?
Кој става гаранција со своето име и презиме?
Да знаеме кој ќе оди во затвор поради труење на граѓаните на Македонија.
Бараме одговор денес. Со име, презиме и потпис.






