Уништен мост во скопскиот Градски парк — работници се обиделе преку него да префрлат багер, реагираат граѓани

Граѓани реагираат дека еден од мостовите во Градски парк е целосно урнат и уништен, откако работници кои работеле во паркот се обиделе да пренесат багер преку мовчето, чии дрвени даски не го издржале товарот.
-Оти паркот не е доволно уништен, ете сега и мостот го искршија со багер кој се обидуваа да го преместат на другата страна и нормално им пропадна. Сета да е! – реагира граѓанин.
Фотографијата од овој немил настан беше објавена на социјалната мрежа „Икс“, каде граѓани коментираа дека пред два дена забележале работници кои со две штици направиле премин преку мостот, но планот очигледно не поминал според очекуваното бидејќи овие мостови не се предвидени да служат за пренос на товарни и градежни машини со голема тежина, па даските попуштиле и се скршиле, а мостот сега е уништен и не може да се користи.
-Ова беше уште завчера. Ги видов што прават, ама мислев ќе помине. Денес гледам дека не поминал- се вели во еден од коментарите.






