ВРЕДИ обзнани за првиот „успех“ на Шасивари – ФБ страницата на Министерството од сега и на албански
Владејачката партија Вреди на официјалната страница на „Фејсбук“ соопшти за првата промена што ја донел новиот министер за правда Јетон Шасивари по стапувањето на функцијата.
Во името на фејсбук-страницата на Министерството за правда, додаден е називот на албански јазик и страницата сега се вика „Министерство за правда Ministria e Drejtësisë“.
Еве ја првата промена на министерот за правда Јетон Шасивари. Како беше и како е сега. Едно големо браво!“, напишаа од партијата во објавата, која сериозно е врамена како успех на новиот министер, наспроти впечатокот дека е сатирична што го остава.






