Полицијата со детали за сообраќајката меѓу две возила со девет повредени на експресниот пат од Градско кон Прилеп

Во  СВР Велес  утрово околу 08:20 часот било пријавено дека на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „хјундаи“ и О.Г.(45) од Скопје, сопатничка во истото возило, а со телесни повреди се здобиле С.Д.(50) и С.П.П.(42), двете од Скопје, сопатнички во патничкото возило „хјундаи“, како и возачот на патничкото возило „ауди“ и сопатниците во неговото возило, М.Д.(18), А.М.(18) и двајца 17-годишници, сите од Битола, констатирани во Општа болница Велес, информираат попладнево од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Сообраќајот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп бил затворен за сообраќај и истиот бил нормализиран во 11:35 часот.

Back to top button
Close