(Фото) Вандализам во струшко: Искршени надгробни споменици на гробиштата во Боровец

Непознати сторители оштетиле повеќе надгробни споменици на селските гробишта во струшкото село Боровец, објави „Шило Магазин“ на социјалните мрежи.

По информацијата се бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи, со цел откривање на сторителите и нивно соодветно санкционирање.

Од таму посочуваат дека ваквиот вандалски чин и сквернавењето на гробиштата се недозволиви и мора да бидат најостро осудени, а надлежните институции да преземат брзи мерки за целосно расчистување на случајот.

Back to top button
Close