АНБ купи шест „шкоди“ за 150 илјади евра, на тендерот се јавил еден понудувач
Агенцијата за национална безбедност купи шест автомобили марка „шкода“ за 159 илјади евра со ДДВ, а во цената е вклучен и редовен сервис. Податоците од Бирото за јавни набавки покажуваат дека на јавниот оглас се јавил еден понудувач, „Јосифов ДООЕЛ увоз-извоз Битола“.

Четири од купените возила за потребите на АНБ се од моделот „шкода октавиа“ 1.5 TSI MT6 со мануелен шестстепен менувач, а две возила се со автоматски менувач од моделот „шкода октавиа“ 1.5 TSI DSG.
Извор – финансиска понуда на понудувачот
Две возила со оперативен лизинг од истата фирма годинава купило и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Претходно „Јосифов ДООЕЛ увоз-извоз Битола“ ги добил тендерите за набавка на „шкоди“ во Агенцијата за цивилно воздухопловство и во МВР, кога полицијата набавуваше возила со средства од чешка донација.
Фирмата победила на тендери за набавка на возила и во многу други државни институции – Министерство за јавна администрација, Центар за развој на Југозападниот плански регион итн.
Агенцијата за национална безбедност се поднови со возила и во мај 2024 година, кога се купија возила „рено меган“ и „опел корса“. Купено беше и патничко комбе „пежо“.






