Италија го суспендираше Шенгенскиот режим со Шпанија

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи.
Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во шпанската енклава Сеута.
Иако Италија и Шпанија немаат заедничка копнена граница, двете земји се членки на Шенген зоната, која под нормални околности овозможува слободно патување меѓу нив без гранични контроли, вклучително и патување со брод или авион.
Одлуката е донесена по анализата на најновите информации на седницата на Комитетот за имиграција и гранична безбедност, со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози.
Италијанското МНР објави дека се договорило со Франција за зајакнување на надзорот по должината на француско-италијанската копнена граница.
Шенгенскиот договор е потпишан во 1985 година, а денес ги вклучува сите членки на ЕУ освен Кипар и Република Ирска, како и Норвешка, Лихтенштајн, Исланд и Швајцарија.






