СДСМ: Мицкоски ги повикуваше граѓаните да летуваат во Македонија, а тој ќе оди на „екскурзија“ во Белгија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) објави видео на кое спротивставува две изјави на премиерот Христијан Мицкоски околу летувањето, дадени во мај и денеска. Во првата изјава, на 4 мај годинава, Мицкоски ги повика македонските граѓани да го поминат годишниот одмор во земјава, наведувајќи дека таа има „прекрасни езера, прекрасни планини

„Јас ги повикувам македонските граѓани своите летни годишни одмори да ги поминат на македонските планини и езера, во македонските села, затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме затоа што втора резервна татковина немаме“, рече тогаш Мицкоски.

Наспроти ова, премиерот денеска беше запрашан каде тој ќе оди на одмор, на што одговори дека тоа нема да биде класичен одмор, туку „екскурзија“ во Белгија со семејството: „четири дена во Бриж и четири во Брисел“.

„Во суштина нема да имам класичен одмор, ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам една недела во Белгија, четири дена во Бриж и четири дена во Брисел“, рече Мицкоски одговарајќи каде ќе го помине летниот одмор на новинарско прашање при посетата на болницата во Битола.

 

 

Back to top button
Close