(Фото) Големи колони: Тешка сообраќајка утрово на магистралниот пат Кичево-Охрид

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на излезот од Кичево кон Охрид, поради што сообраќајот на овој фреквентен патен правец се одвива отежнато, а веќе се формираа големи колони од возила.

Според информациите до кои дојде „Скопје1“, во несреќата учествувале две возила. Едното, со кичевски регистарски таблички, по силниот удар излетало од коловозот. Возилото има целосно уништен преден дел и испукана шофершајбна.

Во судирот учествувало и возило „Пежо“, кај кое се активирале воздушните перничиња, а по ударот останало бочно поставено на коловозот.

Засега нема официјални информации за состојбата на патниците и дали има повредени.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close