Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави податоците за измерените температури во 8 часот утрово, како и најниските температури забележани во текот на ноќта низ мерните станици во државата.

Највисока утринска температура во 8 часот е измерена во Кавадарци, каде што живата на термометарот се искачи на 25,1 степен.

По него следат Виница со 24,5 степени, Демир Капија со 24,2 степени и Гевгелија со 24 степени Celsius.

Во главниот град Скопје, во 8 часот се измерени 23,2 степени и на мерната станица во Петровец и на Зајчев Рид.

Најсвежо ова утро е во Берово со измерени 15,7 степени, на Попова Шапка со 17 степени и во Маврови Анови со 18,5 степени.

Во однос на минималните температури во текот на изминатата ноќ, најниска вредност е забележана во Берово од 8,9 степени, по што следат Попова Шапка со 11,9, Маврови Анови со 13,4, Крива Паланка со 14,3 и Битола со 14,4 степени.

Највисоки минимални температури во ноќните часови се регистрирани во Виница (20 степени) и Тополчани (19,5 степени).

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close