По кавгата Вучиќ-Милановиќ Брдо-Бриони ќе го спасува Сиљановска. Се договара самитот годинава да биде во Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вилата „Билјана“ во Охрид го примила српскиот премиер, Ѓуро Мацут.

,,Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски.

Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог”, објави Сиљановска-Давкова која открива дека на средбата биле разменети мислења за актуелните регионални, европски, и меѓународни прашања, со особен осврт на претстојниот Самит на процесот Брдо-Бриони, којшто во ноември ќе се одржи во Охрид.

Процесот Брдо – Бриони кој е иницијатива на Словенија и Хрватска беше откажан во Мај откако дојде до конфликт меѓу хрватскиот претседател Милановиќ и српскиот претседателката Вучиќ.

Во обид да се спаси долгогодишниот процес сега Македонија ќе биде домаќин на сите земји од регионот.

Сиљановска-Давкова додава дека во разговорот била истакната важноста од негување на добрососедските односи и соработка.

Спрскиот премир вчера имаше одвоена средба и со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close