Обвинетиот Борче Марковски се врати во Битола, вели неговиот адвокат

Обвинетиот Борче Марковски се вратил во Македонија и моментално се наоѓа во Битола со своето семејство, потврди неговиот правен застапник, адвокатот Марјан Николоски.
Според Николоски, Марковски ги завршил обврските во Србија, поради кои претходно било побарано привремено враќање на неговиот пасош.
Адвокатот оцени дека согласноста на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и одлуката на судот за враќање на патната исправа биле законски и оправдани.
Тој смета дека и во други предмети во кои постои сомнение за финансиски криминал треба да се постапува на ист начин, особено кога обвинетиот има дадено соодветна гаранција, наведувајќи дека во такви случаи нема потреба од задржување на пасошот.
Николоски додава дека со одлуката за враќање на пасошот било спречено настанување на евентуална штета, која, според него, би паднала на товар на државата доколку Марковски во иднина биде ослободен од обвиненијата.






