„Ми ги одзеде сопругот и бебето а мене ме остави со тешки повреди, а доби само условна“ – пресуда за сообраќајката кај Млечен

Сопругата на трагично загинатиот Гоце Димитриевски од Тетово, Наташа Апостоловска, преку Твитер изреагира по пресудата за предизвикувачот на сообраќајната несреќа со трагични последици, во која и таа беше тешко повредена и го загуби своето неродено дете.

„Денеска во Името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!! А обвинетиот не ни дојде да си ја слушне казната, тој испадна жртва на крајот од целата оваа постпака.“ напиша Наташа на својот Твитер профил.

Претходно таа на Твитер објави и детали за предметот.

„Обвинител Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, број на предмет КО.бр.1256/19,
Судија Елена Илиевска Јосифовиќ, број на предмет 16 К.бр.488/20 ОС Скопје 1,
оштетена Наташа Димитриевска од Тетово – јас,
Жртва Гоце Димитриевски од Тетово и нашето неродено бебе,
обвинет Васил Чорбаџиев“.

Back to top button
Close