Тројца со тешки повреди однесени во болница по судир на автопатот Тетово-Скопје
Тројца возачи се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на наплатната рампа Глумово, во правец кон Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, несреќата била пријавена на 1 август во 20:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (35) од тетовско Порој, мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А. (45) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П. (43) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле тројцата возачи. Повредите им биле констатирани во Клиничкиот центар во Тетово и во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.






