(Фото) Претседателот Филипче и делегацијата од СДСМ положија цвеќе на почивалиштето на Никола Карев
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, придружуван од пратениците од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот” на Гумење.

Филипче порача дека сеќавањето на Илинден има вредност само ако градиме подобра иднина и имаме должност да го продолжиме патот на илинденците за праведна и напредна Македонија.
„Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата. Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. Македонија не смее да остане заробена во минатото. Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе”, рече Филипче.
Денеска по повод празникот Илинден, Денот на Републиката, делегацијата на СДСМ предводена од претседателот д-р Венко Филипче, ќе положи свежо цвеќе на историските спомен-обележја посветени на Илинден во Крушево






