Српската полиција уапси македонски државјанин по кого Грција распиша потерница; Во тек е процес на екстрадиција

Српската полиција во соработка со Интерпол и припадници на граничната полиција, го уапсија државјанинот на Северна Македонија, З. В. (1969), по кого е распишана меѓународна потерница на барање на Грција.

Според достапните информации, лицето се бара да издржи затворска казна од 16 години за кривични дела поврзани со основање криминална организација и извршување компјутерска измама.

Осомничениот е приведен на граничниот премин Богоево при влез во Србија, а надлежните органи ја започнаа постапката што претходи на неговата екстрадиција на грчките власти.

Back to top button
Close