Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец

Вчера во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда.

Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени дозвола за оружје, пиштол „застава“, пушка „застава“ , куршуми и резервни делови.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок

Back to top button
Close