УХМР со најнова прогноза – познато какво време не очекува во текот на новата седмица

Сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец.

Од УХМР информираа дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C.

Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови

Back to top button
Close