Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
02.08.2026 23:18
4,765 Читање помалку од 1м
Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР, поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол.
Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот