Вознемирувачко видео: крвничко тепање во Гостивар, момче падна на асфалт удрено со клоца во глава, продолжија да го тепаат..
03.08.2026 12:34
2,039 Читање помалку од 1м
Вознемирувачка снимка од Гостивар пристигнала во редакцијата на „Слободен печат“.
Поголема група млади лица се тепаат на улица, а едното од нив паѓа во несвест откако е удрено со клоца во главата. И во таква состојба, кога момчето не се помрднува, друго лице му приоѓа и со силни удари крши дрвена прачка од неговиот грб.