Филипче со хируршка метафора до власта, најави дека ќе го оперира системот и тоа без анестезија

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави фотографија во хируршка облека непосредно пред влез во операциона сала, со директна порака до актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.Користејќи медицинско-политички речник, тој како неврохирург оценува дека на државата ѝ треба системска операција, и тоа „на живо“

„Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. Политиката што ја водат ВМРО и Мицкоски – обратно. Додека ние спасуваме животи, тие ја трујат државата со лаги, поделби и криминал. Време е конечно да се оперира системот. Без анестезија“, стои во неговата официјална објава.

Нема информации дали изразот „операција без анестезија“ треба да се толкува како најава за радикализација и заострување на опозицискиот курс на СДСМ.

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close