Ангелов: Има бактерија во водата во Гостивар, предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите
Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи има бактерија која е опасна по здравјето на луѓето. Ова денеска го изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на прашањето каква бактерија има во водата во Гостивар.

-Постои присуството на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање бидејки се опасни за здравјето, особено за луѓе со слаб имунитет.
Предизвикуват инфекции на кожата, очите и ушите. Може да доведат до инфекции на уринарниот тракт и белите дробови кај чувствителни лица. Имаат висока отпорност на многу вообичаени лекови и антибиотици, остакна Ангелов.
Тој додаде дека денеска се ангажирани 3 цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар.
-Едната на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур. Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб за заштита и спадување на Општина Гостивар, вели Ангелов






