Партиски препукувања за вчерашниот инцидент во Ташмаруништа

Вчeрашниот настан во струшко Ташмаруништа каде едно лице протестирало против премиерот Христијан Мицкоски беше повод за препукување на двете најголеми партии во Македонија.

СДСМ утринава преку соопштение праша „што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа? Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски? Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања? Незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски“.

 

– Advertisements –

 

ВМРО-ДПМНЕ одговори дека СДСМ се препознал во говорот на премиерот во Пелинце како „талогот“ и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри.

 

„Поздравен од присутните граѓани се движеше низ народот во Ташмаруниште како што прилега на народен лидер, за разлика од претседателот на СДСМ кој бега од народот на скапи јахти и уплашен преку снимени пораки се обраќа на ден како Илинден. За време на движењето на претседателот Мицкоски низ народот, едно лице во обид да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол, дофрлало зборови со непримерна содржина. Лицето било изолирано од присутните граѓани и легитимирано од страна на припадници на МВР. При легитимирањето лицето извадило бугарска лична карта и бугарска патна исправа“.

По ова повторно се јави СДСМ велејќи дека „ВМРО-ОКГ повторно лаже. Тврдат – не е точно дека лицето кое полицијата го легитимирала во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта.

„Лицето (С.Г. – родено 1974 година во Кочани), е македонски државјанин и има македонска лична карта. Обична, класична лага на ВМРО-ОКГ. Кај Мицкоски сѐ е лага. Кој шири поделби и омраза во Македонија? Мицкоски. Кој има странска агентура во Владата? Мицкоски“, посочуваат од опозициската партија.

Back to top button
Close