Денеска 15 пожари, од нив пет се уште активни – најкритичен оној кај Кавадарци
Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за денешниот ден (03.08.2026 година), заклучно до 18:00 часот.

Според официјалните податоци од теренот, од вкупно регистрираните 15 пожари, противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат 10, додека борбата со пет активни пожари сѐ уште трае.
Активни пожари (вкупно 5): Општина Прилеп (критична точка): Пожар во месноста Тризла Теке кои зафатил депонија и се шири во три правци – кон Маркови Кули, кон превојот кај црквата „Богородица“ и кон локацијата Три Багреми
Општина Кавадарци: Зафатена е нискостеблеста шума и сува трева на потегот помеѓу селата Раец и Ќесендре. Општина Василево: Гори сува трева, стрништа и дива депонија помеѓу селата Доброшинци и Василево. Општина Кичево: Гори стрниште во атарот на селото Зајас. Општина Теарце: Пожар на отворено опфаќа нива, стрништа и сува трева во селото Теарце. Целосно изгаснати пожари (вкупно 10): Брзата реакција на противпожарните тимови спречи понатамошно ширење на пожарите на следниве локации:
Општина Бутел: Сува трева на ул. „Бутелска“ бб.
Општина Шуто Оризари: Запалено ѓубре во с. Визбегово.
Општина Битола: Сува трева во атарот на с. Крклино.
Општина Велес: Зафатени 3 декари сува трева во н. Превалец.
Општина Брвеница: Запалена нива во с. Брвеница.
Општина Куманово: Запалено ѓубре во с. Рамановце.
Општина Старо Нагоричане: Сува трева во с. Стрезовце.
Општина Липково: Пожари на стрништа и сува трева во селата Слупчане и Опаје.
Општина Македонски Брод: Ниска вегетација помеѓу селата Слатина и Грешница.
Поради високите температури и сувиот период, ЦУК упатува апел до сите граѓани за максимална внимателност при престој на отворено и избегнување палење стрништа, отпад и сува вегетација






