Приведен 52-годишник поради вербални навреди врз Мицкоски за Илинден
Одделот за внатрешни работи (ОВР) Струга поднесе кривична пријава против С.Г. (52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство“ (член 386, став 5 од Кривичниот законик).

Инцидентот се случил на државниот празник Илинден, на 02.08.2026 година во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа.
Според пријавата тој упатувал вербални навреди кон јавни лица кои присуствувале на настанот за одбележување на 2 Август.
Полициските службеници го лишиле од слобода 52-годишникот, а по документирањето на случајот, соодветната пријава е предадена до надлежното обвинителство






