456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош во наредните два дена, најави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека во текот на наредните два дена 456 онколошки пациенти, кои аплицирале за еднократна парична помош, ќе ги добијат средствата на своите трансакциски сметки.

Според него, за оваа мерка вкупно аплицирале 1.200 пациенти, а обработката на документацијата е во тек.
— реклама —
„Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти, кои аплицираа за еднократна парична помош, ќе ги добијат средствата на своите сметки. Документацијата за сите останати се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите што аплицираа ќе биде завршена во текот на наредната недела“, објави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека целта на оваа мерка е да се обезбеди конкретна поддршка за лицата кои се соочуваат со тешка здравствена состојба.
„Наша обврска е да бидеме покрај нашите сограѓани, не само со зборови, туку и со конкретна помош, грижа и човечност“, порача Ѓорѓиевски





