СДСМ: Владата ја искористи состојбата во Гостивар и без тендер набави вода за пиење во вредност од 100 000 евра

Договорот, велат од СДСМ повикувајќи се на јавно достапните информации, Службата за општи и заеднички работи на Владата го склучила со „Кожувчанка“ – компанија која е сопственост на градоначалникот на Кавадарци

Опозицискиот СДСМ обвини дека Владата ја искористила моменталната ситуација во Гостивар да за склучи договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100 000 евра, без претходно распишан тендер. Договорот, велат од СДСМ, повикувајќи се на јавно достапните информации, Службата за општи и заеднички работи на Владата го склучила со „Кожувчанка“ – компанија која е сопственост на градоначалникот на Кавадарци.

„Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку СОЗР склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100 000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Голема грижа на тендер-патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис-зделка од 100.000 евра без тендер“ коментираат од СДСМ.

Наместо институциите да реагираат навремено во врска со состојбата во Гостивар, обвинуваат од СДСМ, тендер-патриотите тераат бизнис и профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето.

Back to top button
Close