Две девојки скокнале од такси во движење бидејќи возачот не ги однел на локацијата што ја побарале и непримерно се однесувал

Полицијата во Тетовско истражува случај во кој две девојки, според пријавата, скокнале од такси возило во движење, откако возачот почнал да се однесува непримерно и не ги однел до побараната локација.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 4 август во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце од страна на Д.Ќ.

Според пријавеното, неговата 20-годишна девојка Е.И. и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, додека се превезувале со такси возило, се соочиле со непримерно однесување од страна на возачот, кој не го запрел возилото и не ги однел на локацијата што ја побарале.

Во пријавата се наведува дека двете успеале да скокнат од таксито додека било во движење, по што побарале помош.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Back to top button
Close