Нов голем пожар во Грција, ангажирани и противпожарни авиони
Нов пожар избувна во област со ниска вегетација во Дридза, во општината Коропи, јужно од Атина, поради што грчките власти спроведоа голема мобилизација на противпожарните сили.

Според весникот „Катимерини“, пожарот бил пријавен денеска околу 13:45 часот, по што било испратено предупредување до жителите во поширокото загрозено подрачје.Во гаснењето учествуваат 52 пожарникари, три специјализирани тимови, 14 противпожарни возила, како и два авиона и четири хеликоптери, од кои еден ја координира акцијата од воздух.
Во интервенцијата се вклучила и општината Коропи, која испратила цистерни со вода.
На местото на пожарот е испратен и специјален истражувачки тим, кој ќе ги утврди причините за избувнувањето на огнот.
Фото: Архива






