Уапсен 62-годишник, подолг период ја малтретирал и тепал сопругата
Шеесет и двегодишен жител на делчевско село е лишен од слобода по пријава дека подолг период агресивно се однесувал, ѝ се заканувал и физички ја напаѓал својата сопруга, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници го привеле мажот на 4 август околу 15:10 часот во Македонска Каменица, по што бил задржан во полициска станица.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






