Голем пожар во плевна кај Новаци: Изгореа 800 бали сено, 600 бали слама и 3,5 тони пченица

Во плевна во селото Логоварди, Општина Новаци, вчера избувнал пожар во кој е причинета голема материјална штета, информира Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил пријавен на 5 август во 11:30 часот во СВР Битола. Според пријавата, огнот избувнал во плевна сопственост на В.Д. од селото Логоварди.

Во пожарот изгореле 800 бали сено, 600 бали слама, 3.500 килограми пченица, молзачка за млеко, како и други предмети.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Фото: архива

Back to top button
Close