(ФОТО) Ахмети на средба со в.д. амбасадорката на САД: Американската поддршка е суштинска за зачувување на духот на Охридскиот договор
Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово оствари средба со вршителката на должност амбасадорка на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Никол Варнс, на која разменија мислења за актуелните политички случувања, но и за зајакнување на партнерството меѓу двете земји.

Од средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со в.д. амбасадорката на САД во земјава, Никол Варнс / Фото: ДУИ
Во соопштението за средбата се вели дека Ахмети изразил благодарност за незаменливата улога на САД како стратегиски партнер на С Македонија и како клучен придонесувач на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот.
„Американската поддршка беше одлучувачка за постигнувањето на Охридскиот рамковен договор и останува суштинска за зачувување на неговиот дух, унапредување на еднаквоста и зајакнување на општествената кохезија“,рекол Ахмети.
Ахмети и Варнс разговарале и за реафирмирање на цврстото определување кон стратешкото партнерство со САД, целосната имплементација на Охридскиот рамковен договор и непоколебливата европска ориентација на државата.
Континуираниот дијалог со нашите меѓународни партнери останува од суштинско значење за изградба на демократска, стабилна и инклузивна С Македонија, во која сите граѓани уживаат еднакви права и еднакви можности“,се вели во соопштението за средбата.






