Сончево и топло денес, попладне можни пороен дожд и грмежи

Денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 18 степени, а максималната ќе достигне 35 степени.
Извор: skopje1.mk






